Wednesday, March 5, 2014

Премин
Она понекогаш стварно не знам како се вика. Кога имаш празна душа, а полно срце. Кога немо загледан седиш облеан од страв од спомените стари но срдечен добредојде да кажеш на предизвиците нови.
Тоа всушност, не знам, карактерот твој го опишува многу, нели? Кога си наивен, кога си добар, кога се чувствуваш хумано, а светот го гледаш под една голема претпоставка- дека луѓето се мудри и рационално размислуваат.
Тогаш, всушност не сфаќаш колку допир со реалноста си изгубил, препуштен на твојте високи морални вредности и идеали за пристоен живот во кој луѓето сакаат. Сакаат, знаат како, и даруваат љубов.
Сакаат искрено и љубат и со поглед и со срце. Лебдат над себе со своите аури и треперат во восхит едни на други. Тоа знаеш, прекрасно е, но ти велам, останало некаде во светот на твоите морални вредности, сеуште подгреан од топлите спомени од детството кое одамна ти пројде.
Впрочем кога те гледам таков кревок, оддаден на емоциите и занемен од илузиите се прашувам каде ли потфрли? Што беља стори што стана отпорен на лагите? Се прашувам со кого ти навечер разговараш, сам ли си, има ли и други кои останаа ко тебе да ја величат човечноста и да ја подгреваат топлината.
Се прашувам кој всушност ја редефинираше љубовта во меѓувреме што срце ми заигрува штом те погледнам тебе таков… заљубен. 
Те гледам, изгубен во модерново сивило, занемен под сенките на ладните бетонски згради, навидум немоќен но среќен. Не знам, изгледа се плашам и да ти пријдам спомнувајќи си во себе што ли другите ќе помислат ако ме видат со тебе.
Но искрено, сакам да те прашам нешто. Мислам дека знаеш и самиот што, ми се гледа во погледот нели?
Може ли да ти се придружам?

No comments:

Post a Comment