Wednesday, March 5, 2014

Сенки од минатото
Колкава е сенката на минатото кога ликови непознати за нас, а познати за другите од минатото не притискаат во сегашноста?
Сакаме ли да заборавиме на се што се случило, ни се допаднало, но не требало.
Горди ли сме доволно на луѓето, кои можеби по грешка сме ги запознале, но за жал сеуште ги памтиме, во очи да им погледнеме здраво да кажеме и да признаеме дека сме сеуште љубопитни што прават.
Искрени ли сме пред себе за да бидеме и пред нив? Тие, искрени ли се? Бегаат ли од сенката или нити светло ниту сенка гледаат?
Како да одговориме на прашањата денес кога ги носат ликови поврзани со сенките од минатото, а и припаѓаат на денешнината?
Како да избегаме од нашата сегашност во која дошле луѓе блиски на минатото да ни ги земат нашите од сегашноста и да ги однесат во иднината.
Без нас, без нас.
Нас повторно ќе не остават во некој безвременски простор. 
Не знам, дали всушност нас не интересира туѓата загуба, туѓиот живот или туѓата визија. Не знам дали се сме им кажале на нам блиските, за да можеме на туѓите да им судиме.
Сакале да заминат, или сакале да останат со нас.
Или без нас.

No comments:

Post a Comment