Wednesday, March 5, 2014

Љуби ме
Се појави од нигде никаде, ме бакна, ме гризна, ме гушна, ме посака. Толку беше доволно, да разбудиш се што беше замрено во мене. Мислев дека нема веќе емоции во мене, мислев дека се е замрено, дека навиката на самотијата го отрпна ова срце. Тоа токму ти го стори, а не ми паѓаше ни на крај памет, но тие сини очи знаат да продрат до мојата душа, да ме раздрмаат. Не ме пушти, ми ја држеше раката, не ме пушти од прегратка, како ненаситно дете од својата омилена играчка. Среќа, тоа ми донесе, среќа. Лицето ми го насмеа, очите ми светат, душата се радува. Сега знам, доволен е еден човек, вистинскиот човек, да те направи да се чуствуваш жив.

No comments:

Post a Comment