Wednesday, March 5, 2014

15 до 5
Секое збогум боли. Боли и неволното и нашето.
Беше 15 до 5, топло скопско попладне, на железничката. Го имаше оној трепет во воздухот, како потежок да беше воздухот од нашата болка, лебдеа милион мисли во воздухот, прашања, убедувања…. дали ова е потребно, дали може поинаку, ова е најдобро, време е за други патишта… Потиштени погледи, лажни насмевки, влага во воздухот, но и во очите. Нема зборови, кажано е се. Се слуша само вревата од луѓето околу нас, како да сакаше да каже нешто, го прекина буката од возот, се сецна. Тивко се испративме, молк меѓу нас, а врескав во себе.
Болеше ова ’’збогум‘‘, плачев со денови, врескав од тага, но изборот беше мој. Тој одбра еден пат, а јас одбрав друго. Не сакавме, а си кажавме збогум. Тоа најмногу боли, но тоа е избор со кој мораш да научиш да се носиш. Мора да се исплачеш, да го преболиш, да го складираш во спомените, а не во болките. Со време, се си доаѓа со време. Раните зараснуваат, болките се претвараат во лекции.
Уште се ежам на тој момент, кога се разделивме. Љубовта не е мерило за среќа, љубовта не е мерило за постојаност, љубовта колку и да е голема некогаш не успева. Колку да и да сакаме некои луѓе, некогаш тие мора да заминат…
Чудна е судбината. Еднаш ни се споија патиштата. Повторно? Можеби.

No comments:

Post a Comment