Wednesday, March 5, 2014

Гостин во душа
Кој беше ликот кој затропа на портите на твојата душа? Се запрашав сам себе, се запрашав ко некој друг да прашува. 
Од секогаш најтешко ми било да им одговорам на прашањата на другите. Не знам зашто, се сметам за некој кој може сите можни ситуации и комбинации да ги објасни, за некој кој нема трема прв да почне, за некој кој не му е проблем да збори до сабајле. Но всушност, јас само за таков се сметам. Понекогаш така и се однесувам, но прашањето е како се чувствуваш.
Неспремноста да им одговорам на сите туѓи прашања е всушност природната состојба на душата. Изгледа, таа не е ни навикната да поставуваат премногу прашања, што мислам дека е добро. Добро е зашто секое прашање може да се надополни со ново прашање. Добро е зашто зад секој одговор може да се крие неизвесност. Добро е зашто не треба од одговорот на секое прашање да произлезе дебата. И најпосле, добро е затоа што не секое прашање заслужува одговор.
Оној за кој портите ќе се отворат без да прашаат кој си ти, само тој ќе биде почесниот гостин во душата наша.

No comments:

Post a Comment