Wednesday, March 5, 2014

Омилен
Не ми е тешко да заминам. Не ми е тешко да кренам раце, да се откажам. Лесно како пролетно ветре ќе те погалам нежно и ќе заминам. Лесно како пеперутка од цвет ќе одлетам, впрочем има и други цветови. Има и други светови, за мене не откриени, ќе полетам, ќе почнам нова приказна, ќе откријам други погледи, ќе погледнам друга душа, ќе се родат нови чуства. Некои нови приказни, некои нови луѓе.. тешко беше, веќе не е. Отрпнав на болките, многу ги имаше, многу надежи ми беа згаснати, многу приказни имав со три точки кои тродупло болат од една точка. Многу пати останував сама, болеше, но преживеав. Жалам за сите црни мисли кои ги имав, зошто ете пак сум жива. А ти, ти си ми омиленото нешто, како делче од душава си, моја посебна приказна. Можам да заминам, можам да одлетам, но чуствувам дека тука припаѓам. Прв пат нешто ми е сосем едноставно, едноставно знам, а и многу комплицирано, еден куп емоции, преплетени, исплетени…дилемата се раѓа, некогаш и нешто многу вистинско, многу посебно, многу едноставно, не успева

No comments:

Post a Comment